Битола низ стари разгледници - автор: Димче Најдов
Apr 20, 2015Public
Photo: Карта од Битолскиот вилает Од џебен атлас од Tuccarzade Hilmi
Photo: Панорама на Битола во 1908
Photo: 1а Edward Lear, Битола 1848 година во слика маслена техника изработена од претходен цртеж од истата локација.
Photo: 1б. Edward Lear, Битола 19 септември 1848 година. Работен цртеж.
Photo: 1c Edward Lear, Битола 20 септември 1848 година. Панорама на Битола од Турските гробишта
Photo: 2. H.Catenacci, Monastir 1878 година. Литографија од Битола изработена од фотографија.
Photo: 3. E.Therond, Monastir 1875 година. Литографија од Битола изработена од фотографија.
Photo: 5. Hermann Seibt - Монастир 1898 година - Широк Сокак
Photo: 6. Hermann Seibt - Монастир 1898 година - Широк Сокак. На фотографијата се гледаат Јени и Исак џамија. Највисоката куќа, која постои и денес на десната страна на оваа разгледница, се наоѓа на ул. Широк Сокак и 27 ми март.
Photo: 7. Панорама на Битола од Тумбе Кафе. Испратена на 11 мај 1901 година до  American Tract Society American Tract Society е добротворна еванге­листичка организација формирана на 11 мај 1825 година во New York со цел да издава и дистрибуира христијанска литература насекаде во светот.
Photo: 8. Панорама на Битола кон Пелистер. Испратена на 15 ноември 1903 година за Букурешт, Романија.
Photo: 9. Souvenir de Monastir - 1902 година Панорама на Битола со Белата, Црвената касарна и полигонот за вежби на турската војска е најчестиот мотив од тоа време, како што е оваа разгледница од 23 декември 1902 година испратена во Софија со напис: Нада, Честито Коледе и Нова година. Кажи му на татко ти дека денес на Љубе му испратив една лира. Твојот братучед Авранов. 23 декември 1902 год. На страната на адресата стои: Mademoiselle Nadia Boutchkoffeleve a l’ecole francaisea Sophia(Bulgarie)
Photo: 10. Битола—Црвената касарна 1908 година. Црвената касарна за пешадијата била изградена во 1253 година по исламскиот цалендар, односно 1837/38 година, кога гувернер и командант во Битола бил Ќосе Ахмет Паша. Архитект за истата бил Стојан Везенков. Изградбата почнала во 1837 година, и учествувале сите граѓани на Битола. Овој огромен објект, во кој можело да се сместат осум баталјони војска, бил завршен за шест месеци. После кратко време по завршувањето на Црвената ка­сарна почнала изградбата на Белата касарна за коњицата и артилеријата. Истата била завршена во 1844 година. Во близина на овие две касарни била соградена во 1845 година, и Воената академија која и денес постои. Истата започна со работа во 1847/48 година. Кемал Ататурк го започна школувањето во 1895 година и заврши во 1899 година. Негов учител по историја бил Мехмед Тевфик Бег.
Photo: 11. Битола—Црвената касарна и Воената академија во 1903 година. Црвената касарна за пешадијата била изградена во 1253 година по исламскиот цалендар, односно 1837/38 година, кога гувернер и командант во Битола бил Ќосе Ахмет Паша. Архитект за истата бил Стојан Везенков. Изградбата почнала во 1837 година, и учествувале сите граѓани на Битола. Овој огромен објект, во кој можело да се сместат осум баталјони војска, бил завршен за шест месеци. После кратко време по завршувањето на Црвената ка­сарна почнала изградбата на Белата касарна за коњицата и артилеријата. Истата била завршена во 1844 година. Во близина на овие две касарни била соградена во 1845 година, и Воената академија која и денес постои. Истата започна со работа во 1847/48 година. Кемал Ататурк го започна школувањето во 1895 година и заврши во 1899 година. Негов учител по историја бил Мехмед Тевфик Бег.
Photo: 12. Уметничко и занаетчиско училиште во Битола во 1906 година. Уметничкото и занаетчиско училиште започна со работа во 1900 година, да обучува ученици во занимања кои беа барани во тој период како: кројачи, столари, грнчари, инженери, и телеграфисти. Сите овие големи објекти се изградени кога на власт во Битола како валии беа Ахмед Ејуб Паша и Абдул Керим Паша.
Photo: 13. Главната улица - Широк Сокак во 1907 година со име: Rue Hamidie. Разгледницата е  испратена во Франција на 03 април,1908 година. Фотографијата е направена од хотелот ”Ориент”
Photo: 14. Хотелот “Ориент” сликан од Широк Сокак кон југ, во мај 1905 година.
Photo: 15. Реката Драгор со поглед кон Црн Мост и Пелистер, од јули 1906 година.
Photo: 16. Реката Курделес со поглед на Пелистер, од јануари 1908 година.
Photo: 17. Саат кулата на разгледница од 1908 година испратена од Битола во Ваљево на 20 мај 1914 година
Photo: 18. Општинската  управна зграда –  хукумат  јули 1905 година сликана од десната страна на реката Драгор кон североисток.
Photo: 19. Општинската зграда – хукумат 1908 година сликана кон запад. Во заднината се гледа куќата на гувернерот која беше адаптирана во резиденција за султанот Решат V при неговата посета на Битола, во јуни 1911 година.
Photo: 20. Реката Драгор со кафето кај Тополите -”Kafe Kavaklar a Monastir”. Разгледница од 1906 година испратена од Битола за Смирна, Турција. Ова кафе било многу популарно кај младите. Еден од честите гости бил и Кемал Ататурк. Истата разгледница е издадена повторно во 1908 година, во иста боја и опис како оваа  од 1906 година.
Photo: 21. Поглед кон реката Драгор и Пелистер во 1904 година, и испратена во градот Суец, Египет, на 06 ноември 1904 година. Истата е изработена во Печатницата: M.Gluckstadt & Munden Hamburg, Germany.